Многу интересно јадење, а пред сè здраво! Содржи спанаќ, пиперки, јајца, сирење… Изобилува со вкусни белковини кои ќе ве заситат и после оброкот ќе немате потреба од дополнителни празни калории… Проследете го рецептот на Дани.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 страка млад кромид, 2 страка млад лук (ако не им е сезона заменети ги со стар кромид и лук), 300 г спанаќ (исчистен), 4 варени јајца, 150 г сирење, 100-200 г кашкавал, масло, црвен зачински пипер, црн пипер, оригано, сол
ПОСТАПКА: На загреано масло запржете ги ситно исечканите кромид и лук, околу 2-3 минути додека малку да омекнат. Посолете.
Додајте 300 г претходно исчистен, измиен и исцеден спанаќ. Заедно гответе уште две минути додека спанаќот малку да омекне и „овене“.
Зачинете со црвен зачинки пипер во прав и мелен црн пипер, па промешајте. Динстајте уште половина минута, колку да се соединат вкусовите.
Потоа содржината од садот претурете ја во огноотпорен сад или уште подобро ако имате керамичка тава.
Четири варени јајца излупете ги и пресечете ги на половина. Распоредете ги врз спанаќот со пресечената страна надолу.
150 г бело сирење исечете го на крупни парчиња, па наредете ги помеѓу варените јајца. Може да користите какво било сирење, она што ви се наоѓа во фрижидер.
Одозгора наросете мелен црвен пипер, оригано, а кој сака може и кари или куркума. Врз секоја половина варено јајце наросете по малку рендан кашкавал.
Вака приготвеното јадење ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути, додека убаво да се запече.
Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.