Без антибиотици лекува воспалено и отечено грло. Чувствуваме олеснување или целосно излекување штом го испиеме лекот.
Овој чај е добар за настинки и кога чувствуваме дека ни е многу студено.
Пред два дена чувствував гребење во грлото а вчера многу почна да ме боли и ми беше отечено, имав чувство како да имам рана во грлото.
Го направив овој чај и веднаш го испив додека беше топол. Болката веднаш престана.
Пред тоа додека не знаев за овој феноменален природен лек, задолжително се јавував на лекар.
Потребни состојки:
1 лимон (исцеден)
250 мл врела вода
1 голема лажица мед
Малку рендан корен од ѓумбир
Постапка:
Измешајте во шолја или чаша сок од исцеден лимон, ситно изрендан ѓумбир, 1 голема лажица мед, па додадете зовриена вода.
Сето брзо измешајте го и веднаш испијте го, не чекајте да излади!