НАЈБР3ИОТ КОЛАЧ ОД 3 СОСТОЈКИ…Одличен колач и како што кажав, наjтешкиот дел беше да се cочека да се излади…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 пакување од 200 г светли бисквити
1 пакување од 200 г чоколадни (какао) бисквити
1 пакување пудинг од какао + шеќер по вкус
500 мл млеко

ПОСТАПКА:

Сварете го пудингот според упатството. Бидејќи пудингот брзо се лади и стегнува, садот со пудингот оставете го на топла рингла или брзо pаботете.

Колачот можете да го приготвите на два начини: во калап или директно врз десертна чинија.

На дното од долгнавест калап обложен со најлон фолија ставете малку пудинг и премачкајте го со лажица да се залепат бисквитите и да не паднат.

Редете наизменично светли и чоколадни бисквити, премачкувајќи ги со го пудинг како сендвичи за да се залепат една од друга.

Одозгора и од сите страни премачкјате со преостанатиот пудинг, па ролатот оставете го најмалку 4 часа во фрижидер, а најдобро би било преку ноќ, за да омекнат добро бисквитите.

Потоа сечете го накосо за да добиете коцки и триаголници и послужете. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.