Што никако не смеете да правите ако имате висок, а што ако имате низок притисок: Лекар објасни зошто разликата е значајна, добро е да прочитате, зашто овојпат даде интерсени податоци, пишува НМД.мк
Како треба да се однесувате кога надвор е многу топло, како да спречите несвестица, особено ако имате висок или низок крвен притисок, објасни интернистот д-р Игор Димитријев.
Брзата помош има сè повеќе работа, затоа што на улиците, но и во своите домови граѓаните сè почесто се онесвестуваат поради наглиот пораст на температурите.
Како да се преживеат високите температури и како да се подготвиме за таквите екстремни услови, објасни интернистот и помошник директор на Здравствениот дом Палилула, д-р Игор Димитријев.
Зошто луѓето се онесвестуваат?
„Главниот проблем се ненадејните промени и многу високите надворешни температури во последните денови, кои одат над 37 степени. Таквите промени ние ги нарекуваме топлински бранови, поради кои доаѓа и до сончаница.
Директното изложување на главата и вратот на сонце доведува до формирање на изгореници, што се манифестира со главоболки, чувство на гадење, мачнина, повраќање, а исто така може да доведе и до зголемување на телесната температура.
Во такви ситуации, многу е важно брзо да се реагира – откопчајте се, отстранете колку можете повеќе слоеви алишта, пијте течности бидејќи се јавува дехидрираност… “, посочува лекарот и додава дека е важно, покрај вода, да се внесуваат и течности кои содржат електролити, натриум, хлор…како што е супата, на пример, пишува НМД.мк
„Колапс и топлотен удар се јавуваат кога луѓето остануваат во затворени простории каде што нема разладување и температурите се доста високи“, напомена д-р Игор.
Кога долго време сме изложени на високи температури, крвниот притисок се дестабилизира. Хипертензијата е една од најчестите болести не само тука, туку и во целиот свет, па како би треба да се однесуваат луѓето кои страдаат од оваа болест во услови на екстремна топлина?
„Луѓето со висок крвен притисок не треба да пијат премногу течност. Не им се препорачува да излегуваат надвор, како и на ризичните групи, како што се бремени жени, доилки, стари лица … Во периодот од 10 до 16, 17 часот не треба да излегуваат надвор затоа што тогаш сонцето е најсилно“.
А што е со оние кои имаат низок крвен притисок?
„Тие се особено изложени. Поради дехидрација, минутниот волумен, односно нивото на течност во телото, се намалува. Течноста и електролитите се губат при потење и пад на крвниот притисок.
Таквите лица треба да внесуваат доволно течности. Што значи тоа? Чаша вода на секои половина час до 45 минути, што е приближно два литра течност. Кога станува збор за лице со висок крвен притисок, тогаш количината е помала, односно лицето треба да внесе до еден литар и половина течност, бидејќи се губи преку потењето во текот на денот“, објасни докторот.
Исто така, преминот од загреани во ладни простории, тој ненадеен премин е особено опасен за луѓето кои имаат кардиоваскуларни или церебрални заболувања.