Да бидеме искрени, секому може да му се случи – на гости сте кај пријатели, но ви е непријатно да излезете од тоалетот, бидејќи после употребата се чувствува непријатен мирис. Не грижете се, за тоа постојат неколку едноставни решенија.
Постојат неколку начини со кои зад себе секогаш ќе оставате чист и миризлив тоалет.
Првиот и основен совет е да ја повлечете водата што поскоро за да не дојде до ширење на непријатниот мирис.
Добра опција е исто така, доколку тоалетот има прозор, претходно да го отворите.
Е сега, доколку сте задоцниле со овие превенции, можете да се послужите и со други трикови!
Ако со себе сте ја понеле и чантата (ова се однесува најчесто за дамите) можете да искористите крем, лосион, лак за коса, освежувач за здив или парфем.
Ако ништо од ова немате со себе, проверете ги полиците во бањата или средствата за дезинфекција кои обично се наоѓаат зад ВЦ школката.
Побарајте меѓу нив избелувач, течен сапун за раце, шампон или балсам.
Сега, кога го пронајдовте саканиот производ / истурете малку во ВЦ школката и тоа ќе го реши проблемот со непријатниот мирис.
Напоменуваме да истурате внимателно и помалку, бидејќи некои од овие средства (избелувачот на пример) може да бидат отровни.