На сите им раскажувам како правам 9 литри сок од 4 портокали…Вкусно и домашно…

Здраво на сите, денес ќе ви кажам како да направите 9 литри сок од само 4 портокали… Прво треба портокалите да се замрзнат во замрзнувач, а потоа да ги пододмрзнете да ги исечете, па да ги изблендирате или сомелете за да добиете каша.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 портокали
1 лажица лимонтус
1 кг шеќер

ПОСТАПКА:

Смесата сипете ја во тегла од три литри. Следно, користете или филтрирана или превриена вода, истурете вода во тегла, но не до врвот, туку прво до половина.

Додајте 1 лажица лимонска киселина која ќе служи како конзерванс, потоа додадете 1 килограм шеќер и додајте вода до крај, поточно до врвот на теглата.

Промешајте и ставете ја теглата во фрижидер 8-10 часа. После тоа повторно темелно измешајте додека шеќерот целосно да се раствори.

Процедете низ газа и добро истискајте. Добиениот концентриран сок разредете го со 6 литри вода. Чувајте во фрижидер.

Од она што ќе остане можете да зготвите вкусен џем од портокал на следниов начин:

Сипете вода колку да се прекрие смесата и додајте 500 г шеќер. Доведете до вриење, па намалете на умерен оган и и мешајте додека да се растопи шеќерот и да ја добиете потребната густина, за што се потребни 20 минути.

Оставете да се олади, а потоа повторно загрејте го за да се опушти и да добие транспарентност.

Складирајте во чисти топли теглички и веднаш затворете со капак, или ставете ги отворени во рерна на 100 степени за да фатат коричка, па затворете ги. Постапката погледнете ја ОВДЕ: