На кого би му станале во авотбус, а само еден може да седне, вашиот одговор открива нешто важно за вас!
Со ситуацијата каква што е на сликата се среќаваме секојдневно. Во овој случај местото сите го заслужуваат, но кого би го избрале? Или можеби, би требало уште неколку патници да станат и да го отстапат местото на некој од оваа категорија?
Слободното место во јавниот превоз е честа тема меѓу луѓето. Одамна е познато дека младите не сакаат да стануваат и немаат доволна почит кон постарите, додека старите често знаат да влезат и да се расправаат со возачите или трудниците и да се однесуваат како деца.
Културата и домашното воспитување на секого му налага, а особено на помладите, да го отстапи местото на стари лица, бремените жени или на лица со инвалидитет. Дури, во возилата има обележани места за трудници и инвалиди!
На илустрацијата во редот за местото во автобус стојат мајка со бебе, баба, инвалид и болен човек…
Сите би сакале да седнат!
На кого треба да му се даде предност? Тешко прашање. Но, еве да се обидеме да дојдеме до најдоброто решение.
Во однос на некои минати времиња, кога се знаело за некој вид на ред и почитување, сега е многу поинаку. Зошто доаѓа до вакви ситуации и што е тоа што доведува до појава на вакво однесување?
Нивото на општа култура го одредува нашиот однос кон другите луѓе, а тоа е нешто што се стекнува со воспитување.
Личниот егоизам е тој кој ја нарушува културата и моралот. Некогаш децата беа учени дека треба да ги почитуваат постарите, а училишето тоа го унапредуваше. Сега семејствата повеќето се деструирани и владее голема агресивност која всушност е одлика на самопотврдување. Нема вредносни мерила, тука и таму може да се видат остатоци од правилното однесување, културата и моралот.
Со ситуацијата, каква што е прикажана на сликата, се среќаваме секојдневно. Во овој случај место заслужуваат сите, но кого вие би го избрале?