Сега на 45 години изгледам подобро отколку кога бев помлада, а луѓето не можат да ме препознаат откако ослабев. А најдобро од се’ е ниту еден ден не вежбав!
Ајрин Роман (45) пред 18 месеци имала 86 килограми, што е највисоката цифра со која се соочила во животот.
-Килограмите ми се трупаа со текот на годините. Навикнав на брза храна и не можев да замислам оброк без масна, брза храна, чоколадо и чипс, како и газирани пијалаци. Кога почнав да работам во градинка, престанав да појадувам, а наместо тоа почнав по цел ден нешто да грицкам и сето тоа го поливав со литар ипол газиран сок – вели Ајрин, додавајќи дека најголемиот дел од храната го внесувала од досада и навика, а не дека навистина била гладна.
А потоа, вели таа, во ноември 2017 година одлучив на ова да му ставам точка и конечно да бидам задоволна од себеси и својот изглед.
Промените кои ги внела биле едноставни. Наместо газирани сокови, бира вода. За ручек главно јаде пилешко или туна со салата. Наместо чоколадо и чипс јаде јаболко и шолја чај.
На брзата храна не ни помислува, а за вечера јаде комбинација од месо и зеленчук.
Резултатот на сето ова е: за година ипол ослабела 31 килограм.
-Никогаш не вежбав, ова е резултат на промена на исхраната. Не сакам да вежбам, но откако ослабев почнав да се занимавам со адреналински спортови, за на тој начин да го прославам своето ново тело – вели таа.
-Луѓето не можат да ме препознаат откако ослабев, а не само што изгледам 10 години помладо, туку и така се чувствувам. За првпат почнав да носам сукњи и фустани. Сега можам да кажам дека мојата насмевка на фотографиите од претходниот мој живот – е лажна. Дури сега почнав навистина да се смеам од срце – заклучува таа.
КАКО СЕ ХРАНЕЛА ПОРАНО
Појадок: прескокнувала.
Ручек: големи порции брза храна, со помфрит и газиран пијалак.
Вечера: брза храна и газиран сок.
Ужни низ цел ден: чоколадо, чипс, колачи, кашкавали и сокови.
КАКО СЕ ХРАНИ СЕГА
Појадок: кафе и овошје.
Ручек: пилешко/туна и салата
Вечера: месо со зеленчук.
Ужина: овошје, туна, лимонада.