НАЈВКУСНИТЕ ПИЛЕШКИ БАТАЦИ…Месото е многу меко и сочно, а рецептот е прелесен…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1/2 главица кромид ситно сечкан
3-4 кругови ѓумбир (1 см)
2-3 чешниња лук, сечкани
2 батаци без коски (500 г)
3 лажици соја сос
1 лажица сос од остриги (опционо, може доматна паста)
2 лажички шеќер
1/2 лажичка црн пипер

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад ставете го месото заедно со сите наведени состојки и зачини, а потоа добро измешајте го за да ги прими вкусовите. Покријте го и оставете го фрижидер да отстои 20-30 минути.

2.По изминатото време промешајте го месото повторно во маринадата. На умерена температура загрејте сува нелеплива тава, па спуштете ги батаците со кожата надолу.

3.Печете 3 минути, па превртете го месото и печете уште 3 минути. Повторно превртете ги и пржете 3 минути. Додајте ја маринадата во тавата и поклопете со капак. Гответе 3-5 минути.

4.Превртете ги, пржете ги уште кратко време и вашите батаци се готови. Послужете ги со малку сос и по желба посипете ги со малку сусам. Постапката погледнете ја ОВДЕ.