Највкусната торта од кајсии…Ќе ја изедете за 5 минути…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи чаша од 250 мл):
За крем:
1 жолчка
350 мл (1,5 чаша)
2 полни лажици скроб/нишесте/густин
1 лажичка ванилин екстракт
50 г шеќер (1/4 чаша)
За тесто:
3 јајца
1 белка
1 прстофат сол
130 г шеќер (2/3 чаша)
140 мл масло (3/4 чаша)
350 г брашно (2.5 чаша)
2 лажички прашок за печиво
140 мл млеко (2/3 чаша)
И уште:
кајсии или праски од компот или свежи
шеќер во прав за посипување
ПОСТАПКА:
1.Изматете ги состојките за кремот и доведете до вриење, па намалете го огнот и варете со непрекинато мешање додека да згусне. Тргнете настрана да подизлади, 30 минути во замрзнувач.
2.Пенасто изматете ги јајцата со сол и шеќер додека да станат кремасти. Сипете го маслото постепено, па кога ќе се соедини додајте го брашното, прашокот за печиво и млекото. Соединете со миксер да нема грутчиња.
3.Смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап 24 см. Одозгора спирално нанесете го оладениот крем преку готварски шприц.
4.Помеѓу наредете сечкани парчиња овошје и ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени. Оставете малку да подизлади па посипете го одозгора со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/NruPjRy9iHA?si=XKiZfS4Ypc10d0IX