Највкусната салата од краставички, а помага за брзо слабеење…Многу едноставна за подготвување…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За сендвич кој треба да замени оброк/вечера:
2 големи краставици
1 лажичка сол
1 китка млад кромид
1/2 китка копар
1/2 лимон
3-4 лажици цврст јогурт или кисела павлака
2 парчиња леб
За диетална супа од тиквички:
1 кромид
3 компири
5 тенки парчиња леб
1 тиквичка
2-3 полни раце спанаќ
200 мл растителен крем (неутрална павлака)
ПОСТАПКА:
1.Краставичките исечете ги на тркалца, посолете ги и оставете ги 10 минути. Во подлабок сад измешајте ги ситно сечканите млади кромитчиња и копарот, па додајте ги исцедените краставички.
2.Додајте сок од половина лимон, кисела павлака или јогурт, па промешајте. Салатата е готова. Испечете две тенки парчиња леб во сува тава и послужете наместо појадок или вечера.
3.За диетална супа: ситно исечканиот кромид пропржете го на малку масло, па додајте компири исечени на коцки и залијте со вода колку да се прекрие 1 прст над зеленчукот. Поклопете и оставете да зоврие.
4.Во меѓувреме направете домашни „кубети“: исечете го лебот на коцки, распоредете ги во еден ред во плех обложен со хартија, посипете малку масло и сол, па печете во загреана рерна на 180 степени, 10-15 минути.
5.Проверете дали компирот е омекнат, па додајте една тиквичка исечена на коцки и исчлистен спанаќ, па гответе уште 5 минути.
6.Со рачен бленден измиксајте ја супата и додајте неутрална павлака. промешајте додека да се изедначи, а по потреба додајте зачини по вкус.
7.Послужете топло со еден грст кубети одозгора. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/4KfC7drNfSA?si=fzS4Dc6mPc_YQIkH