НАЈУБАВИОТ ПОСЕН КОЛАЧ СО ОВОШЈЕ…Брз и едноставен, се мери со чаша…Може да користите овошје какво што имате или сакате, вишни, јаболка, круши, боровинки, микс од бобинки, рибизла, и слично, а ние денес го приготвивме со малини. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

2 чаши брашно
2 чаши гриз
2 чаши шеќер
1 чаша вода
150 мл масло (или нето помалку од полна чаша)
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
2 кесички ванилин шеќер (20 г)
900 г малини или овошје по избор
плех 30х20 см

ПОСТАПКА:

1.Можете да користите свежи и смрзнати плодови. Ако користите смрзнати, оставете ги претходно малку да се одмрзнат. Посипете ги со 1 чаша шеќер, 1 ванила и сосем малку вода, па испасирајте ги. Оставете ги настрана да се отуштат.

2.Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки: гриз, брашно, остатокот од шеќерот, прашок за печиво и ванилин шеќер. Сувите состојки одокативно поделете ги на 3 дела (вкупно 800 грама = 300 г + 250 г + 250 г).

3.Плехот намастете го со четка, а рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. На дното распоредете една третина суви состојки, протресете го плехот, па одозгора внимателно распоредете половина од овошниот фил.

4.Преку овошјето посипете го вториот дел од сувите состојки. Потоа распоредете го остатокот од овошјето и завршете со третиот дел суви состојки.

5.Во маслото додајте го остатокот од водата и рамномерно залијте го колачот одозгора. Внимателно протресете за да се распореди течноста насекаде.

6.Ставете го колачот да се пече во загреаната рерна, 40 минути, а потоа покачете ја температурата на 200 степени и печете уште 20 минути (вкупно 1 час). Или, прилагодете според вашата рерна.

Покријте го со крпа и оставете да се олади пред да го исечете и послужите. По желба посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.