Најсочен и највкусен колач со кајсии…маж ми очекуваше да биде сув, но го изненади сочноста…Има неодолив вкус и се топи во уста…Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

3 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша масло
1 чаша јогурт
3 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво 12 г
800 г кајсии
шеќер во прав за посипување

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат како крем. Потоа додека непрекинато матите додајте го маслото, па јогуртот и на крај просеаното брашно помешано со прашок за печиво.

2.Изматете со миксер за да нема грутчиња. Половина од тестото распоредете во калап 22х31 см обложен со хартија за печење. Ставете да се пече 10 минути во загреана рерна на 200 степени.

3.Одозгора распоредете половинки кајсии. Врз кајсиите рамномерно распоредете го остатокот од тестото. Печете уште 25 минути на 180 степени.

4.Печениот колач оставете малку да подизлади, па извадете го од калапот и хартијата, посипете го со шеќер во прав и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.