Home Десерти Најмекиот колач во светот…Највкусниот колач што сум го направила…

Најмекиот колач во светот…Највкусниот колач што сум го направила…

Најмекиот колач во светот… Највкусниот колач што сум го направила…Може да ставите овошје какво што сакате…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
1 прстофат сол
60 мл масло
100 г шеќер
150 г цврст јогурт или кисела павлака
250 г брашно
10 г прашок за печиво
100 г боровинки + 1 лажица брашно
2 лажици чоколаден чипс / капки
50 мл сок од лимон
шеќер во прав за посипување

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол и шеќер додека да станат кремасти. потоа додајте го јогуртот и маслото, па промешајте. Со жица маталка добро изедначете ја смесата и на крај додајте лимонов сок.

2.Во посебен сад измешајте ги боровинките со лажица брашно, па сипете ги во смесата.

3.Калапот со должина 24 см (длабок, а тесен) намастете го со путер. Излејте ја смесата и израмнете.

4.Одозгора сипете чоколадни капки и ставете го колачот да се пече во загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути.

5.Печениот колач оставете малку да се посизлади, посипете го со шеќер во прав и послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.