Најмеката вкусна торта која се топи во уста…Измати и испечи, совршена за секој ден, но и свечени прослави…Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
2 јајца
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
100 г шеќер
60 мл масло
70 мл млеко
140 г брашно
7 г прашок за печиво
За прелив:
1 лажица какао
50 г шеќер
1 лажица инстант кафе
200 мл млеко
100 г темно чоколадо
30 г путер
1 полна лажичка скроб/нишесте/густин и малку вода за да се раствори (50 мл)
чоколадни трошки за декорација
ПОСТАПКА:
1.Јајцата разматете ги со сол, шеќер и ванила. Додајте масло, па млеко и на крај постепено додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво.
2.Смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап 18х27 степени и печете во загреана рерна на 180 степени, половина час. Оставете да се олади.
3.Растворете ги кафето и какаото во млеко, додајте чоколадо искршено на коцки и путер на коцки, па доведете до вриење, на ниска температура, да се растопат.
4.Печениот бисквит избоцкајте го со виљушка и залијте го со половина од преливот. Во остатокот додајте растворен скроб и сварете го како пудинг.
5.И оваа смеса смеса сипете ја врз колачот. Оставете да се олади неколку часа во фрижидер, па посипете чоколадни трошки и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.