Најмеката торта на светот…Вкусот веднаш ве освојува, а се прави за 15 минути! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 јајца
1 прстофат сол
150 г шеќер
8 г ванилин шеќер
80 мл масло
100 мл млеко
1 лажица инстант кафе
180 г брашно
20 г какао во прав
15 г прашок за печиво
готов карамел или крем по ваш избор
За чоколаден фил:
1 лажица шеќер
1 лажица какао
1 лажица скроб
250 мл млеко
60 г темно чоколадо
1 лажичка путер
темно чоколадо за декорација
ПОСТАПКА:
1.Со жица изматете ги јајцата со прстофат сол, шеќер и ванила. Додајте масло и инкорпорирајте. Во млеко растворете го кафето и додајте го во смесата. Промешајте.
2.Измешајте ги сувите состојки: брашното, какаото и прашокот за печиво, па додајте во течната мешавина и изедначете да нема грутчиња. Тестото излејте го во калап 18х27 см обложен со хартија, а ѕидовите намастени и набрашнети.
3.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути.
Печениот пандишпан оставете го да се олади, па направете му дупки и наполнете ги со карамел или фил по вкус (може и пудинг со вкус на карамел сварен според упатството).
4.Во тенџере ставете шеќер, какао, скроб и млеко, па ставете на оган и мешајте непрекинато додека да згусне. Потоа додајте чоколадо и путер, па мешајте додека да се растопат и соединат.
5.Топлиот крем сипете го врз колачот, израмнете и оставете го да се олади.
Декорирајте го со рендано чоколадо одозгора и послуѓете го оладено во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.