Најлесен и наједноставен колач досега…Се топи во уста…Ако ви е потребен брз и лесен рецепт за вкусен десерт, еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
1 прстофат сол
80 г шеќер
арома ванила по вкус
100 мл масло
100 мл млеко
200 г брашно
12 г прашок за печиво

За фил:
150 г свежо сирење /крем сирење
20 г шеќер
1 јајце
арома ванила по вкус
малини/боровинки или друго бобесто овошје

ПОСТАПКА:

1.Со миксер пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол, ванила и шеќер, а кога ќе станат кремасти додајте масло и млеко.

2.Потоа додајте просеано брашно и прашок за печиво, соединете со миксер за да нема грутчиња и смесата излејте ја во калап 26 см, обложен со хартија за печење.

3.Со жица за матење соединете го крем сирењето со шеќер, ванила и едно јајце.

4.Со лажица црпете и распоредувајте врз тестото во калапот, а одозгора посипете со некое бобесто овошје по ваша желба.

5.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Печениот колач одозгора посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.