Најлековитиот КРЕМАСТ „МЕД“ ОД ГЛУВАРЧЕ…Вкусен и лековит..го штити срцето и коските, го јакне имунитетот…Рецептот на Лазо сите го пофалија.

„Да, ставив наводници, бидејќи не е вистински мед, но според вкусот потсетува на најубавиот мед или на најубавото слатко што некогаш сте го пробале.

Ова е одличен пролетен десерт (крем, намаз, своевиден џем, наречете го како сакате), а неговата главна состојка е глуварчето.

Не само што овој „мед“ е превкусен и хранлив, туку глуварчето му дава и лековити својства: ги штити срцето, коските и крвните садови, го јакне имунитетот, има „анти-ејџинг“ (против стареење) дејство, одличен е за дигестијата, а го регулира и крвниот притисок.

Се подготвува многу брзо, а потребни ви се само 3 состојки, па поради тоа можам да го наречам и инстант „мед“ од глуварче. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

40-50 цветови од глуварче
10-15 урми
сок од 1/2 лимон

ПОСТАПКА:

1.Наберете ги цветовите од глуварче за време на топол и сув ден, па одвојте ги зелените делови (потребни ви се само жолтите ливчиња). Исплакнете и сипете ги во тенџере.

2.Залијте ги со малку вода (колку да се прекријат) и од моментот на зовривање варете ги само 5 минути.

3.После тоа целата содржина сосе водата и цветовите изблендирајте ја за да добиете изедначена смеса.

4.Од урмите извадете ги семките и потопете ги во вода колку да омекнат и да се хидрираат.

5.Потоа во блендерот додајте лимонов сок и урмите, па сето заедно сомелете го. Ќе го добиењте највкусниот „мед“ или намаз, крем…

УПОТРЕБА:

Можете да го јадете веднаш, по една лажица или да го мачкате на леб. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.tiktok.com/@bog.te.lazo/video/7357434392446340357