Најдобриот светски рецепт! Влажни и вкусни мафини кои се топат во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за 12 мафини:

4 јајца
150 г шеќер (1/2 чаша)
60 мл млеко (1/4 чаша)
80 мл масло (1/4 чаша и две лажици)
100 г растопен путер (малку помалку од 1/2 чаша)
200 г брашно (1 и 1/2 чаши)
10 г прашок за печиво или прашок за пециво
1 прстофат сол (3 г)
рендана кора од 1 лимон (само жолтиот дел)
малку шеќер за посипување

ПОСТАПКА:

Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека да згуснат. Додека непрекинато матите постепено додајте ги редоследно: ситно ренданата кора од лимон, растопениот путер, маслото и млекото.

На крај додајте го просеаното брашно помешано со сол и прашок за печиво. Изматете со миксер додека сето да се изедначи. Рерната вклучете ја да се загрева на 220 степени. Калапите намастете ги или обложете ги со хартиени корпички.

Полнете ги калапите со смесата. Одозгора посипете шеќер и ставете ги да се печат во врелата рерна 15 минути. Извадете ги да се оладат на решетка. Постапката погледнете ја ОВДЕ: