Најдобриот млечен колач со чоколадни трошки…Се прави во блендер, брзо за минутка и многу лесно…Млечниот колач е вистинскиот избор за лето, особено ако е направен со чоколадни трошки кои се топат во уста. Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл слатка павлака
300 г кондензирано млеко (рецепт ОВДЕ)
240 мл млеко
240 мл млеко во прав
12 г желатин (растворен во 60 мл вода)
рендано чоколадо

ПОСТАПКА:

Слатката павлака, кондензирано млеко, млекото и млекото во прав истурете ги во блендер. Добро измиксајте приближно 1 минута, па додајте го желатинот претходно измешан со вода и растопен.

Блендирајте уште најмалку 2 минути, а потоа додајте ја ренданата чоколада и измешајте. Сипете го кремот во огноотпорен сад и ставете го во фрижидер додека да се стегне. Постапката погледнете ја ОВДЕ.