Најдобриот ЧОКОЛАДЕН ВАНИЛА КОЛАЧ…За 5 минути, брз и лесен рецепт за почетници…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца
200 г шеќер
120 мл масло
200 г цврст јогурт или кисела павлака
1 прстофат сол
1 лажичка екстракт од ванила
265 г брашно
1.5 лажичка прашок за печиво
2 лажици какао во прав
2-3 лажици врела вода
бели чоколадни капки или сечкано чоколадо, опционо
калап 20х20 см
се пече 30-35 минути на 170 степени
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги јајцата со сол и шеќер додека да згуснат, па додајте го јогуртот, соединете, па маслото и повторно миксајте 1 минута. Додајте го брашното помешано со прашок за печиво и промешајте со жица.
Смесата треба да биде мазна и без грутчиња. Одвојте 1 третина и во неа сипете какао помешано со топла вода. Оваа, кафеава смеса распоредете ја на дното од калапот обложен со хартија, а одозгора сипете ја белата смеса.
Со дрвена рачка од лажица или нож направете шари во тестото, а одозгора посипшете бело чоколадо, по желба. Печете во загреана рерна на 170 степени околу половина час. Постапката погледнете ја ОВДЕ: