Home Десерти Најдобар рецепт! На сите им успева од првпат…Мрзлива (лења) пита со јаболка…Лесен...

Најдобар рецепт! На сите им успева од првпат…Мрзлива (лења) пита со јаболка…Лесен и многу вкусен колач…

Најдобар рецепт! На сите им успева од првпат…

Мрзлива (лења) пита со јаболка…Лесен и многу вкусен колач, пишува НМД.

Ова е едноставен и вкусен рецепт за мрзлива пита со јаболка, совршен за брз десерт. Подгответе ја со нас и уживајте во нејзиниот прекрасен вкус! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

За кората:
– 2 јајца
– 650 г брашно
– 250 г путер или маргарин
– 200 г кристал шеќер
– 200 мл кисела павлака
– 10 г прашок за печиво
– НМД

За филот:

– 200 г кристал шеќер
– 1,5 кг јаболка
– 5 г цимет

Постапка:

Во сад ставете 500 г брашно, додајте путер или маргарин и со раце соединете ги. Додајте ги јајцата, шеќерот и павлаката, па малку промешајте со лажица.

Ставете прашок за печиво и замесете тесто, додавајќи уште малку брашно по потреба. Завиткајте го и оставете го во фрижидер 1 час.

За филот: излупете и изрендајте ги јаболките, ставете ги во тенџере со шеќер и варете на среден оган 10 минути. На крај додајте цимет и тргнете настрана.

Поделете го тестото на два дела. Првото развлечете го во правоаголник, ставете го во намачкана тава и прекријте го со филот.

Вториот дел од тестото развлечете го и префрлете го преку јаболката. Избоцкајте со виљушка.

Печете во загреана рерна на 180°C околу 40 минути. Оставете да се излади, посипете со шеќер во прав и послужете. Пријатно!

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: