Најдобар природен лек против кашлица…Делува и се прави додека трепнеш!
Непријатната кашлица е многу честа, особено во овој период при постојани температурни промени во текот на денот, но постои лек кој се крие во вашиот дом.
Дознајте го рецептот за вкусниот сируп со кој ќе ја излекувате кашлицата и на телото ќе му ја вратите енергијата.
Овој сируп е толку вкусен што можете да си го пиете и од чисто задоволство.
Ловорот му дава посебен вкус и тон на слаткост и горчина, лимонот му додава своја посебност со киселината а шеќерот е тој што ги врзува и ги „вози“ овие состојки и со водата ги пренесува низ телото.
Пробајте па јавете ни ги резултатите. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
6 ловорови листови
250 мл вода
1 лимон
6 лажици шеќер или мед
ПОСТАПКА:
Во зовриена вода ставете ги ловоровите листови, нека провријат 2-3 минути и оставете поклопено да отстојат 10-15 минути. Извадете ги листовите, додајте шеќер или мед и лимонов сок по вкус.
Шеќерот можете да го карамелизирате претходно за уште поголем ефект.
УПОТРЕБА: по лажичка неколку пати дневно. Првиот ден можете да консумирате по лажичка секојпат кога ќе ви се интензивираат нападите на кашлица.
Напомена:
Сирупот можете да го чувате неколку дена во фрижидер. Може да се консумира ладен или топол. Доколку имате и други симптоми на настинка, посетете лекар.
Овој сируп е особено добар за сува кашлица.