НАЈДОБАР КОКОС КОЛАЧ…Нека замириса целото соседство на кокос и чоколадо…Направете го овој вкусен колач од состојки кои веќе ги имате в кујна и уживајте во совршениот вкус…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
10 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
10 лажици масло
10 лажици млеко
10 лажици гриз
10 лжици кокос
10 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво 12 г

За прелив:
200 мл млеко
4 лажици шеќер
50 г чоколадо за готвење
60 г путер или маргарин
1 лажица какао во прав

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Матете додека да згуснат во кремаста смеса. Потоа додајте млеко и масло и кратко изматете. На крај додајте гриз, кокос и прашок за печиво, а лажиците полнете ги малку повеќе од рамни.

2.Соединете го сето со миксер, да нема грутчиња. Смесата сипете ја во калап 28х22 см намастен и набрашнет (ако е огноотпорен само со путер или маргарин) и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

3.За прелив: сите состојки растопете ги и соединете ги на умерена температура. Мешајте непрекинато и варете 2-3 минути од моментот на зовривање. Потоа оставете да се олади 5 минути.

4.Оладениот колач исечете го на коцки и рамномерно залијте го со преливот.

Одозгора посипете 2-3 лажици кокос и оставете да се олади. Постапката погледнете ја ОВДЕ.