Најбрзиот чоколаден колач со едно јајце
Овој рецепт е совршен за љубителите на чоколадо кои сакаат брз и вкусен десерт, пишува НМД.
Се подготвува со само едно јајце, а резултатот е мек и сочен колач кој се топи во уста. Пробајте го овој едноставен рецепт и уживајте во секој залак! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
За колачот (калап 28×19 см):
– 1 јајце
– 100 г шеќер
– 1 прстофат сол
– 100 г масло
– 100 г млеко
– малку ванилин екстракт
– 125 г чоколаден пудинг (или густин со какао)
– 1 лажица инстант кафе
– 30 г кокос
– 20 г какао
– 140 г гриз
– 60 г брашно
– 8 г прашок за печиво
За прелив:
– 100 г млеко
– 1 лажичка инстант кафе
За глазура (може по избор):
– 80 г растопено темно чоколадо
– 125 г чоколаден пудинг (за без варење)
– темни чоколадни трошки (по желба)
– НМД
Постапка:
Во сад изматете го јајцето со шеќерот и прстофат сол. Додајте масло, млеко, ванилин екстракт, пудинг и инстант кафе. Промешајте добро.
Додајте кокос, какао, гриз, брашно и прашок за печиво. Измешајте додека смесата стане хомогена.
Истурете ја смесата во обложен калап (28×19 см) и печете во загреана рерна на 180°C околу 25-30 минути (проверете со чепкалка). Оставете да се излади.
Измешајте 100 г млеко со 1 лажичка инстант кафе и прелијте го оладениот колач.
Измешајте растопено темно чоколадо со пудинг, или пак загреана слатка павлака со чоколадо, па премачкајте го колачот и украсете со чоколадни трошки.
Оставете да се стегне малку и уживајте во вкусот! Брзо, лесно и неодоливо чоколадно! Постапката погледнете ја видеото ОВДЕ: