Највкусниот куглоф на светот за 10 минути…Супер брз рецепт со состојки кои веќе ги имате в кујна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 големи јајца
8 г ванилин шеќер
120 г шеќер
1 прстофат сол
100 г цврст јогурт или к.павлака
120 мл масло
150 мл млеко
260 г брашно
16 г прашок за печиво
3-4 лажици какао засладено или чоколадо во прав
џем, кокосово брашно за одозгора
ПОСТАПКА:
1.Јајцата пенасто изматете ги прстофат сол, ванила и шеќер. Кога ќе згуснат додајте го јогуртот, маслото и млекото, па промешајте. Во смесата додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и промешајте да нема грутчиња.
2.Во намастен на набрашнет куглоф сипете третина од смесата и одозгора низ цедалка за чај посипете рамномерно какао во прав.
3.Потоа повторно сипете третина од тестото, па повторно одозгора посипете какао во прав. Одозгора рамномерно распоредете го остатокот од тестото.
4.Печете го куглофот во загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути. Превртете го колачот врз десертна чинија, премачкјате го одозгора со џем и посипете го со кокос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.