Сочен колач со гриз и шербет
Овој традиционален рецепт за колач со гриз и шербет е совршен спој на едноставност и богат вкус. Неговата мека текстура и слаткиот лимонов шербет го прават идеален за секоја пригода, од семејни собири до празнични трпези.
Подгответе го овој десерт и уживајте во аромите што ќе ја исполнат вашата кујна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За колачот:
3 јајца
1 чаша (180 г) шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 чаша (200 мл) масло
1 чаша (200 мл) цврст јогурт или кисела павлака
1 чаша брашно
1 чаша (200 г) гриз
1 кесичка прашок за печиво
НМД
За шербетот:
1 чаша (180 г) шеќер
2 чаши (400 мл) вода
1 кесичка лимонов шеќер или 2-3 тркалца лимон
Постапка
1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Обложете калап или тепсија со дијаметар од 28 см со хартија за печење или намачкајте ја со масло и посипете со малку брашно.
2. Во длабок сад, изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, користејќи миксер или жица за матење, приближно 3 минути.
3. Додајте го маслото и јогуртот (или киселата павлака) и продолжете да мешате додека состојките целосно се соединат.
4. Постепено додајте ги брашното, гризот и прашокот за печиво. Мешајте додека да добиете хомогена смеса без грутки.

5. Истурете ја смесата во подготвениот калап и рамномерно распоредете ја со потчукнување на тепсијата.
6. Печете во загреаната рерна околу 35 минути. Во првите 25 минути не ја отворајте рерната!
7. За шербетот, во тенџере измешајте го шеќерот и водата. Ставете ја смесата да зоврие на средна температура. Откако ќе почне да врие, варете уште 10 минути.
Додајте го лимоновиот шеќер или тркалцата лимон кон крајот на варењето и оставете кратко да се соединат вкусовите.
8. Врелиот шербет прелијте го врз топлиот колач. Оставете го колачот да го впие шербетот и целосно да се излади пред сервирање.
Сервирајте го колачот исечен на парчиња и уживајте во неговиот сочен и ароматичен вкус! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/xvpD32ykv4g?si=UMJ9Q7Hs-4OUVjm2




































