НАЈОМИЛЕНАТА ЛЕТНА СЛАДОЛЕД ТОРТА…Рецепт за 5 минути, со малку состојки…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

10 г инстант кафе
400 г пишкоти /бисквити
200 мл топла вода
300 мл слатка павлака
100 г шеќер во прав
80 г шлаг (крем микс) со вкус на ванила
10 г ванилин шеќер
300 мл млеко
50 г какао во прав + 10 г

ПОСТАПКА:

1.Кафето растворете го со топла вода. Пишкотите кратко натопувајте ги и редете ги на дното од калапот со флексибилен обрач 18х25 см.

2.Сипете ја слатката павлака во подлабок сад, па шеќерот во прав, шлагот со вкус на ванила, ванилиниот шеќер и млекото. Оваа смеса изматете ја со миксер додека да се згусне, па поделете ја на два дела – во едниот додајте какао.

3.Распоредете ја чоколадната смеса рамномерно преку бисквитната основа во калапот. Потоа одозгора ставете ја жолтата половина од филот и израмнете. Одозгора ставете уште еден слој пишкоти кратко натопени во кафето.

4.Оставете да се излади и да се стегне во замрзнувач еден час. Откако ќе се излади, одозгора посипете какао во прав, рендано чоколадо или шарени трошки по желба…Постапката погледнете ја ОВДЕ.