НАЈДОБРИОТ БРЗ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА…Мајка ми го нарекуваше „ЛЕЊА ПИТА“, а за мене е секогаш број 1
Најдобриот мрзлив колач…Сочни јаболка и меко тесто, совршена комбинација… Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 или 250 мл):
3 јајца (белки+жолчки)
1 чаша шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 чаша јогурт
1/2 чаша масло
2,5 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво
За фил:
1 кг јаболка, изрендани на крупно ренде
4 лажици шеќер
1/2 кесичка цимет или по вкус
малку путер или масло за пржење на јаболката
шеќер во прав за посипување
ПОСТАПКА:
Белките изматете ги во цврст снег со постеоено додавање на шеќерот, а потоа една по една додајте ги жолчките и ванилата и продолжете со миксање.
Сипете јогурт и масло и кратко изматете да се изедначи. Во смесата додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво. Промешајте со жица додека да се соедини.
Половина од смесата сипете во плех кој не ви лепи (со средна големина) или обложете го со хартија за печење. Печете 10 минути во загреана рерна на 180-190 степени.
Растопете една лажица путер во тава, па сипете ги ренданите јаболка и посипете ги со шеќер и цимет по вкус. Издинстајте ги додека да испари вишокот течност. Распоредете го врз полупеченото тесто.
Одозгора сипете го остатокот од тестото и вратете да се допече уште 15-тина минути. печениот колач кога малку ќе излади посипете го со шеќер во прав.
Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ:
https://youtu.be/WA1As-whtGo?si=kQKdHB9NIeDSWyz1