Веројатно и вам некогаш ви се случило, на површината од земјата во саксијата да се појави мувла. Ова почесто се случува кога заладува времето и паѓаат температуратите, како надвор, така и внатре во домот.




Значи, некаде кон средината од есента кога влажноста е повисока и воздухот е постуден, очекувајте вакво нешто да се појави во некоја од вашите саксии. Мувлата не може да опстојува на проветно место, но провевот исто така, може да му штети и на цвеќето.




Штом се појави мувла или габична инфекција, мора веднаш да се реагира и соодветно да се третира, бидејќи може неповолно да влијае врз здравјето на растението. На крајот од краиштата, мувлата не е штетна само за цвеќето, туку и за човекот. Постојат три главни причини зошто се појавила мувла токму во таа саксија, а не и во останатите:




ВИШОК НА ВЛАГА. Билката пречесто или премногу ја наводнувате или пак нема добра дренажа, па таа се задржува и не истекува правилно. Можеби местото на саксијата не е поволно, нема доволно греење и ладно е. Штом водата од земјата споро испарува или не се исцедува, претставува одлична подлога за развој на габички, односно мувла.




НЕКВАЛИТЕТНА ПОЧВА. Доколку почвата не е доволно растресита, хумусна и малку песоклива, тогаш таа се однесува како глина. лепливата почва не дозволува водата да продира низ неа и долго се задржува во површните слоеви. Проверете дали саксијата има добра дренажа.




НЕПРАВИЛНО ЗАЛЕВАЊЕ. Можеби сте предизвикале раст на габички, односно мувла со прекумерно залевање. Информирајте се потребите на конкретното растение и соодветно залевајте го. Доколку во просторијата одгледувате различни видови на цвеќиња имајте во предвид дека сите тие имаат различен ритам на залевање кој треба да се запази, доколку сакате тие правилно и здраво да се развиваат.




КАКО ДА СЕ ОТСТРАНИ МУВЛАТА И ДА СЕ СПАСИ ЦВЕЌЕТО. Веднаш штом ја забележите мувлата мора веднаш да реагирате и да преземете мерки за заштита на билката. Горниот слој од земјата треба внимателно да се отстрани.




Остатокот од почвата треба да се третира со раствор од лимонов сок (една лажичка на една чаша вода) или калиум перманганат (еден прстофат на една чаша вода). Отстранетата земја заменета ја со нова. Може да додадете и малку активен јаглен помешан со земјата. Јагленот е одличен бактерицид.




Најпосле, наводнете го растението под коренот со фунгициден раствор (15 капки на 1 литар вода ќе бидат доволни, но следете го упатството на производот).




Ако не сте сигурни колку почвата е заразена со габична инфекција, подобро е целосно да го пресадите растението во свежа почва. Исто така, може да наросите и малку пепел, а повремено да го полевате растението со лукова вода (вода во која отстојале пресечено лукче).