Фото и рецепт: Марина Станојевиќ
Мусаките имаа многу варијанти и сосем е извесно дека секој од вас си има некој омилен рецепт. Оваа мусака што ќе ја прочитате е мојата омилена. Има богат вкус и заситува, а истовремено е едноставна и лесно се приготвува, па претставува одличен избор за секојдневен семеен појадок.
Потребни состојки:
1 поголема или 2 помали главици кромид.
500 г мелено месо (свинско, мешано, јунешко)
1 лажичка сол
1 лажичка вегета (сува мешавина од мешан зеленчук)
2 шолјочки ориз (150-200 мл)
2 јајца
200 мл кисела павлака
Масло
Постапка:
1.Оризот прелијте го со вода, малку посолите и згответе го. Вишокот вода одлејте го.
2.на масло пропржете го сечканиот кромид, па додадете мелено месо, па и него продинстајте го додека течноста да испари. Тргнете го садот од оган и зачините. Промешајте со варениот ориз.
3.Приготвената смеса префрлете ја во огноотпорен сад и рамномерно распоредете.
4.Разматете со вилјушка, додадете кисела павлака и промешајте убаво да се соедини,
а потоа прелијте преку месото.
5.Печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час додека да порумени.
Послужете со сезонска салата и слободно јадете без леб.