Мухалебија е традиционален турски десерт кој е прогласен за еден од најубавите слатки во светот.

Се приготвува лесно и брзо и никого не го остава рамнодушен.

Потребни состојки:

1 литар млеко

30 г кокосово брашно

100 г путер

6 лажици пченичен гриз

1 шолја шеќер или по вкус

1 ванилин шеќер

Постапка:

Во еден сад растопете го путерот, додадете гриз и мешајте околу 1 минута. Излејте го млекото и продолжете со мешање. Додадете го шеќерот и ванилин шеќерот, па варете додека да згусне.

Во добиената смеса ставете кокосово брашно, промешајте и варете уште 3-4 минути.

Десертот излејте го во садови и почекајте да излади. По желба можете да украсете со кокосово брашно, мелени ореви или цимет.

coolinarika.com