Рецепт на Валентина Машковиќ. Денес ќе ви го презентирам рецептот за оваа вкусна и едноставна торта која се приготвува со смрзнато или свежо овошје, а која е толку лесна за правење што и деца можат да ја подготват. Се приготвува набрзинка за ненадејни гости, без печење, без готвење, за само неколку минути. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 мл слатка павлака, 400 г кисела павлака, 200 г шеќер во прав, 400 г смрзнати или свежи боровинки, 400 г јагоди, 300 г плазма (150 г мелена и 150 кршена), 100 г мелени ореви, 100 г суво грозје, 100 мл чоколадно млеко или обично за натопување на ролатчињата, 2 готови ролатчиња за подлога (исечени на парчиња).




ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 3 кесички шлаг од чоколадо или обичен шлаг и нешто по ваш избор. СОВЕТ: овошјето можете да го менувате по сопствен избор (банани, овошје од компот, разно бобесто овошје). За подлога освен ролати (купечки) може да искористите и пишкоти или обични бисквити наредини во два слоја. Оваа торта „нема правила“, односно користите намирници кои ви се при рака.




ПОСТАПКА: Пенасто изматете ја слатката павлака додека да добиете цврст шлаг, а додека матите додајте и 200 г шеќер во прав. Во шлагот додајте 400-500 г кисела павлака и продолжете со матење додека добро да се соединат во мазен крем.




Ќе добиете навистина голема количина, па затоа користете голем и длабок сад. Добиениот крем поделете го во три рализчни садови, приближно на еднакви делови. Во првиот дел ставете 400 г смрзнати боровинки и 75 г мелена плазма, односно половина од 150 г (за да го впие вишокот сок од овошјето) и 33 г мелени ореви (третина).




Во вториот дел ставете сечкани јагоди и исто така 75 г мелена плазма, како и третина мелени ореви (33 г или приближно две полни супени лажици). Во третиот дел додајте кршена плазма и третина мелени ореви (33 г) и 100 г суво грозје (претходно измиено, а кој сака може и да го остави малку да отстои во рум или сок).




Добро измешајте ги сите три смеса за да се изедначат додадените состојки. На овој начин добивате три различни фила-слоја со уникатен вкус. По желба може да додавате или одземате од состојките, но внимавајте на конзистенцијата, смесата да остане доволно кремлива и густа да може да се мачка.




Две купечки ролатчиња исечете ги со иста дебелина (1 см), кратко натопувајте ги во чоколадно млеко и редете ги како основа во калапот за торта. Одозгора рамномерно распоредете го филот со плазма, па израмнете.




Како втор, распоредете го виолетовиот фил од боровинки, распоредете го и израмнете, а најпосле нанесете последниот фил, од јагоди. Тората оставете ја во фрижидер да се олади еден час.




Потоа отстранете го обрачот, изматете шлаг крем и декорирајте ја целата торта по избор. Оладете ја уште малку во фрижидер или најдобро преку цела ноќ, па сечете и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.