Постојат повеќе рецепти за „мрзливи пити“ со јаболка, а заедничкото за сите нив е брзата и едноставна постапка. Ќе ви претставиме два рецепти од кои едниот се замесува тесто, а вториот воопшто нема тесто, туку се редат суви и влажни состојки, па заедно се печат. Како се приготвува сето тоа, прочитајте подолу во текстот:

Мрзлива пита со јаболка – Ивана Бојовиќ




РЕЦЕПТ 1 – МРЗЛИВА ПИТА СО ЈАБОЛКА (со тесто)/ Рецепт на Ивана Бојовиќ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша маст (може путер или маргарин), 1 чаша шеќер, 3 јајца, 2 чаши брашно, 1 кесичка прашок за печиво. И уште: 1,5 кг јаболка + шеќер и цимет по желба.




ПОСТАПКА (состојките се мерат со чаша од 250 мл): Пенадто изматете една чаша маст со една чаша шеќер, додека да добиете фина кремаста структура. Ако користите несолена маст, истата извадете ја од фрижидер, не треба да ја топите, а ако користите путер или маргарин, оставете ги малку да омекнат на собна температура.




Во изматената маст додајте 3 јајца, добро изматете за да се инкорпорираат, а потоа додајте две чаши брашно помешани со една кесичка прапшок за печиво од 10 г. Добро замесете го тестото со рака (брзо станува компактно). Тестото поделете го на два дела.




Едниот дел за кратко ставете го во замрзнувач за да се стегне, а вториот дел развлечете го во правоаголна кора врз хартија за печење, за плех со димензии 35х25 см. Преку кората ставете издинстани и оладени јаболка кои сте ги запржиле со шеќер колку да омекнат и да испари течноста.




Јаболката наросете ги со малку цимет по вкус. Наместо јаболка може да ставите вишни, јагоди, цреши, шумско овошје, боровинка или некое друго бобесто овошје по желба. Врз овошјето изрендајте го вториот дел од тестото. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека да зарумени. Рецепт на Ивана Бојовиќ.




Мрзлива пита со јаболка – Верица Николиќ

РЕЦЕПТ 2 – МРЗЛИВА ПИТА СО ЈАБОЛКА (со суви состојки)/ Рецепт на Верица Николиќ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 280 г брашно, 100 г презла, 160 г пченичен гриз, 400 г шеќер, 1 прашок за печиво, 100 г лешник (ореви или бадеми), ½ кесичка цимет или по вкус. ЗА ФИЛ: 2 кг киселкасти јаболка и 250 г несолен путер илимаргарин за прелевање на питата




ПОСТАПКА: Лешниците (оревите или бадемите) ставете ги во рерна малку да се испечат за да добијат посилна арома. Кога ќе изладат сомелете ги. Мерката за јаболка е дадена за неисчистени јаболка. Измијте ги добро, излупете ги, изрендајте ги на крупно ренде и поделете ги на два еднакви делови.




Во подлабок сад соединете брашно, презла, гриз, шеќер, прашок за печиво, мелени лешници и цимет. Оваа смеса поделете ја на три еднакви делови. Плех со величина 35х20 см намастете го со маргарин (или путер) дното и ѕидовите, па рамномерно истурете една третина од смесата. Со лажица нежно израмнете.




Одозгора распоредете половина од ваболката (не се цедат). Потоа истурете ја втората третина, па остатокот од јаболката и последната третина. Маргаринот растопете го и со лажица прелијте го рамномерно врз питата. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 степени.




Кога површината ќе добие благо румена боја, питата прекријте ја со алуминиумска фолија и продолжете со печење. Печената пита (пробајте со чепкалка дали е печена) извадете ја од рерна и оставете целосно да се олади. Потоа сечете на коцки и послужете. Питата може по вкус да ја наросите со шеќер во прав.