Потребни состојки:

150 г путер/маргарин

250 г шеќер во прав

4 жолчки

250 г брашно

1 прашок за печиво

100 г ореви или лешници

2-3 реда чоколадо

200 мл млеко

Постапка:

Изматете го путерот со шеќерот, додадете жолчки, мелени ореви, ореви и останати состојки.

Печете 40 мин на 180 степени.

Фил:

4 белки

200 г шеќер

Изматете снег од белки и полијте го со шпинуван шеќер (шеќерот прелијте го со многу малку вода и ставете го да проврие на тивок оган, почекајте водата да испари па врелата смеса прелијте ја преку снегот од белки).

Ставете врз готовиот колач.

Глазура:

3 лажици вода

3 лажици шеќер

100 г чоколадо

80 г путер/маргарин

Прелијте преку белките и готово. Почекајте глазурата малку да се стегне, па сечете го колачот и уживајте!