МРАМОРЕН СО ВИШНИ…На малку поинаков начин…Сочен и освежителен, за секој период од годината…Рецептот на Дука ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г брашно
200 г шеќер
4 јајца
125 мл масло
125 мл вода
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво
20 г какао во прав
3 лажици рум или амарета
околу 400 г вишни/цреши

ПОСТАПКА:

Во посебни садови одвовјте ги белките од жолчките. Белките пенасто изматете ги во цврст снег. Жолчките исто така, пенасто изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер додека да добиете кремаста смеса.

Наизменично додавајте масло и вода. Потоа брашно измешано со прашокот за печиво. На крајот додајте го снегот од белки, но мешајте со лажица за да се добие пенлива структура.

Половина од смесата истурете ја во тавче обложено со хартија за печење (големина 33х22 см). Во преостанатата смеса додајте какао измешано со рум или амарето.

Сипете врз белата смеса и направете шари по желба. Одозгора нафрлете вишни или цреши. Колачот исто така можете да го испечете и во калап за куглоф, претходно добро намастен со путер и наросен со брашно.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 1 час или според вашиот шпорет..Рецепт на Дука / Сооlinarika.сom