ДИЕТА СО КРАСТАВИЦА
Диетата со краставици е идеална за сите оние кои не сакаат да ги мерат калориите на сето она што ќе го изедат додека се на диета, бидејќи диетниот режим е крајно едноставен: само неколку намирници се вклучени во планот, а самата диета се спроведува десет дена. Постои и продолжена варијанта од 14 дена заде се забележани навистина одлични резултати: губиток на дури 7 килограми – секако во зависност од организмот и нивото на физичка активност.
Како изгледа диетата со краставица?
Основата е всушност салата од краставица кја може да се консумира во неограничени количества, секојпат кога ќе почувствувате глад. Салатата е богата со нутритиви и не мора да се грижите дека за овие десет дена нешто ќе ви недостига. Останатите намирници се јадат во текот на денот. Тоа се:
2 варени јајца или 150 г туна исцедена од масло или 150 г печено бело месо на скара;
2 поголеми варени компири (може да се варат во вода или на пареа, да се печат во рерна, но не да се пржат во масло) или 3 парчиња интегрален леб;
500 г свежо овошје (да не е прскано)
Од течности се пие обична вода, чај, а дозволено е и кафе (без шеќер).
ЗАБРАНЕТИ НАМИРНИЦИ: газирани пијалаци, алкохол и слатки.
Со секој оброк како и помеѓу оброците може да се јаде во неограничени количини салата од краставица (види рецепт подолу) или да се пие шејк од краставица. Значи, штом ве нападне глад, слободно навалете на салата или шејк од краставици.
Пример за мени:
Појадок: 2 тврдо варени јајца + 1 чинија салата од краставица;
Ужина: 5 сливи или 1 поголемо јаболко или праска…или некое друго сезонско овошје во вкупна тежина до 200 г.
Ручек: Тостиран интегрален леб+1 чинија салата од краставица.
Ужина: шејк од краставици
Вечера: овошје по избор (до 300 г)
Не заборавајте: Ако сте гладни помеѓу оброците (па дури и помеѓу ужините и оброкот) – можете да консумирате неограничени количини салата од краставица.
РЕЦЕПТ ЗА САЛАТА ОД КРАСТАВИЦА
Салатата исклучително брзо се приготвува и многу е едноставна. Потребни намирници ви се околу:
400 г краставици
200 мл кисело млеко или јогурт (а уште подобро кој има домашен кефир)
Малку сол, а кој сака може да стави и мледо лукче
Постапка:
Излупете и исечкајте ја краставицата на тенки тркалца. Посолете, лесно промешајте па прелијте со кисело млеко, јогурт или кефир. Промешајте а по желба и вкус додадете сечкано младо лукче.