Потребни состојки:

За кора

6 белки

250 г шеќер

50 г кокосово брашно

100 г брашно

1/2 прашок за печиво

200 мл млеко

За фил:

6 жолчки

2 пудинг од ванила

4 лажици брашно

15 лажици шеќер

1 литар млеко

125 г путер

125 г маргарин

200 мл слатка павлака

И уште:

50 г кокосово брашно

малку печени лешници

Постапка:

Кора: од 6 белки изматете цврст снег, па додадете 250 г шеќер. Матете со миксер уште малку да се растопи шеќерот, па додадете кокосово брашно и пченично брашно измешано со малку прашок за печиво.

Сега мешајте со лажица или шпатула, полека и внимателно без миксер. Ставете во тавче 32х20 см да се пече во рерна загреана на 200 степени и веднаш намалете на 180.

Испечете ја кората внимавајќи да остане бела, околу 15-тина минути.

Оставете кората да излади, па прелијте ја со 200 мл врело млеко.

За фил: во еден сад добро измешајте 6 жолчки со 2 пудинзи од ванила, 4 лажици брашно, 15 лажици шеќер и 200 мл млеко.

800 мл млеко ставете да зоврие, па потоа додадете ги жолчките и згответе го кремот додека да згусне. Оставете да излади. Потоа измешајте го кремот со пенесто изматени путер и маргарин. Додадете и 200 мл изматена слатка павлака.

Кога ќе се додаде шлагот од слатка павлака повеќе не се мати со миксер, туку полека и внимателно со лажица или шпатула.

Врз кората ставете фил, па одозгора наросете со околу 50 г кокосово брашно. Оставете да излади па сечете на коцки, а на средината од секоја коцка ставете по еден печен лешник.

recepti.com