Постојат знаци кои телото ги испраќа суптилно, а кои укажуваат на тоа дека вашиот имунолошки систем е напрегнат и со последни сили се бори со некоја “закана”.
Нашиот имунолошки систем всушност е сочинет од армија на клетки кои се борат борат бактерии и вируси, со цел да останеме здрави и силни. Многу фактори можат да го “загрозат” имунитетот: стрес, недостиг на сон, некои лекови и одредени болести, но кога тоа ќе се случи, телото знае што треба да направи.
Покрај тоа, кога нашиот имунолошки систем се бори против нешто и кога е загрозен, тој ќе започне да испраќа различни сигнали, а ова се само некои од нив:
ПОСТОЈАНО СТЕ УМОРНИ
Уморот е чест симптом за некои автоимуни заболувања, каде поради пореметување на функцијата на имунолошкиот систем, доаѓа до самонапаѓање на сопствените здрави ткива и органи.
Автоимунолошките состојби се предизвикани од претерано активниот имун систем, кој гледа закана и онаму каде што таа реално ја нема. Па така, уморот кој постои без очигледна причина (вирус, настинка, инфекција, недостиг на сон, претерана физичка работа), може да биде сигнал дека имунитетот се мачи да одговори на некоја закана.
РАЦЕТЕ ВИ ПОБЕЛУВААТ НА СТУД
Проблемите со циркулацијата може да бидат поврзани со дисфункција на имунолошкиот систем. Доколку на пример, рацете силно ви побелат на студ, тоа значи дека нема доволно проток на крв, па може да се поврзе со некои состојби и пореметувања во имунолошкиот систем.
Исто така, оваа претерана чувствителност на студ може да се манифестира на нозете, ушите, прстите. Се нарекува Рејнов синдром, а може да биде сигнал и за некои автоимуни заболувања, вклучително лупус или пореметувања во тироидната желзда.
КОЖАТА СТАНУВА ЦРВЕНА И ВЕ ЧЕША
Кожата е една од првите одбранбени линии кога патогените се обидуваат да го нападнат и влезат во телото. Ако кожата одеднаш ви се зацрвени и почне да ве чеша, а не станува збор за осип, дерматитис, алергија…тогаш може да станува збор за реакција на кожата како одговор на некои закони од надворешноста.
Тоа може да биде и симптом за хиперчувствителност, кога телото развива нови алергиски реакции на нешто. Во тој случај, објаснува д-р Ана Фелдвег, имунолошкиот систем се мачи да ја разликува заканата и реагита на потполно безбедни супстанции како тие да се закана. Како резултат на тоа се јавува воспаление на кожата и црвенило.
СЕ ЈАВУВААТ НОВИ АЛЕРГИИ, А СТАРИТЕ (ИЛИ) ИСЧЕЗНУВААТ
Ова особено може да биде случај кај луѓе кои имаат примарна имунодефициенција, односно вродено пореметување во работата на имуниот систем.
“Имунолошкиот систем мора да знае како да престане да се бори против некои инфекции, а кога да “сфати” дека тоа воопшто не е инфекција”, велат од американската Фондација за имуна дефициенција.
“Затоа, ако едниот дел од имунолошкиот систем не функционира правилно во борбата против инфекциите, можно е дека нема да може да го спречи “пореметувањето” и на другиот дел од имуниот систем”.
Меѓутоа, постои и друга страна од приказната. Ако вашиот имунолошки систем е здрав, но во моментот е загрозен, тоа може да ја намали алергиската реакција. Ослабената алергиска реакција исто така, може да биде знак за ослабен имунолошки систем.
“Како што слабее имунитетот, така слабеат и хипер-алергиските реакции”, вели д-р Ентони Ваидо, што значи дека кога е загрозен имунитетот, слабеат и алергиските реакции.
Ако напролет имате помала поленска реакција за разлика од други години, а често сте настинати, тоа е знак дека вашиот имунитет не е во најдобра состојба.
ИНФЕКЦИИТЕ СЕ ПОВТОРУВААТ
Никако да се ослободите од габичната инфекција? Или можеби постојано ви се јавува херпес? Хроничните инфекции се чести кај луѓе кои имаат имунодефициентни пореметувања, бидејќи телото не може да се ослободи од бактериите или виралните тригери кои ја предизвикуваат инфекцијата. Поради тоа инфекцијата се враќа.
Доколку имате некои од овие симптоми, секако би било паметно да одите на лекар и да проверите што треба да се направи за да се врати нормалната функција на вашиот имунолошки систем.
Во меѓувреме, потрудете се да го зајакнете имунитетот со здрава исхрана, физичка активност, со редовно спиење, но и редовно миење на рацете со сапун и одржување на хигиена.