9 годишното момче со солзи радосници ја зеде последната хемотерапија и го победи ракот!
Стивен Котер имал само 6 години кога му била дијагностицирана леукемија во август 2016 година. Само неколку дена по дијагнозата, тој започнал со хемотерапија и лекови – сето тоа траело цели три години.
Минатиот викенд Стивен седел во трпезаријата каде го земал својот последен лек. Неговата мајка, Ешли, објави Фејсбук видео, на кое Стивен плаче пред да го земе својот последен лек.
Таа напиша: „СЛАВЕТЕ ГО ГОСПОДА!!! Последна хемотерапија на ова храбро момче. ГОЛЕМИ СОЛЗИ РАДОСНИЦИ. Знам дека нема звук, но можете да го почувствувате тоа“.
PRAISE GOD!!! Little mans VERY LAST CHEMO!!! BIG TEARS OF JOY❤️❤️❤️ Sorry no sound but you can just feel it❤️❤️https://www.gofundme.com/2wqz6qfw?ssid=765780815&pos=5
Публикувахте от Ashley Cotter в Събота, 14 декември 2019 г.
На снимката, која стана многу популарна, Стивен седи во трпезаријата со главата во рацете додека е опкружен со море од празни шишиња со лекови. Почна да мавта со главата додека очите му беа исполнети со солзи – сфати дека конечно го победил ракот.
Сите славеа додека Стивен ги крена рацете нагоре. Тогаш татко му го прегрна, а неговиот помал брат и пријателот се веселеа.
Неговата мајка откри дека било ужасно да се слушне дека нејзиниот син има рак. Но, сето ова само го собрало нивното семејство и ги приближило до Бога. Низ сè што поминале, тие никогаш не престанале да веруваат во Бога.