Се тестира лекот Молнупиравир за кој се тврди дека го спречува ширењето на вирусот од болни на здрави луѓе.
Тим научници од Институтот за биомедицински науки при државниот Универзитет Џорџија во САД, како што пишува Дејли мејл, тврди дека откриле антивирусен лек кој во телото се внесува орално и во рок од 24 часа спречува веќе заболените лица да го шират kopoна вирусот на здрави луѓе.
Станува збор за лекот Молнупиравир (MK-4482/EIDD-2801) кој за само еден ден целосно го спречува можниот пренос на инфекцијата со koвид 19 врз други лица.
Поради резултатите кои се покажале во текот на истражувањето, овој лек моментно се наоѓа во напредна фаза, мултицентричко клиничко испитување II/III на луѓе, по успешниот завршеток на испитувањето на безбедноста во првата I фаза.
ЛЕК КОЈ ВЕЌЕ ДЕЛУВА ВРЗ ВИРУСОТ НА ГРИПОТ
На чело на тимот е д-р Ричард Племпер кој претходно откри дека Молнупиравир е многу делотворен против вирусот на грипот.
-За првпат е забележано дека веќе постои лек кој се внесува орално, брзо ја блокира трансмисијата на корона вирусот, а тоа би можело сè да промени – порачува д-р Племпер.
Овој лек, како што тврдат научниците, би можел да биде пресвртница, бидејќи со спречување на ширењето на вирусот, додека да дојде до масовна вакцинација, би можело да ги ублажи ката-строфалните последици од пандемијата.
КЛИНИЧКИ ТЕСТИРАЊА ВО ТЕК
Студијата која овој тим научници ја спроведе е објавена во научното списание Nature Microbiology, а во тестирањето се користени верверички за да се оцени во кој процент овој лек ја сузбива трансмисијата.
Истражувачите најпрво ги заразиле вервериците по што го следеле ширењето на вирусот. После заразата на вервериците им го дале лекот Молнупиравир.
Кога во ист простор ќе се ставеле верверици кои го добиле лекот, заедно со незаразени. Ниедна од здравите верверици не го добивала вирусот при контакт со заразените.
Лекот Молнупиравир моментно се наоѓа во напредна фаза на клиничко тестирање.