Господи, Исусе Христе, Боже наш, предвечен и вечносуштествен заедно co беспочетниот Отец и Сине на живиот Бог!
Ти, Кој без да се одделуваш од прегратките на Отецот, си слегнал од небесата и си станал човек, за да не’ ослободиш од ѓаволската измама и мачење.
Си ги уништил сите бесовски дејства и си им дал власт на Твоите свети ученици и Апостоли да газат змии, скор пии и секаква демонска сила! Сесрдно ти се молам:
Милостиви, погледни на овој дом, кој е вознемирен од ѓаволот и од неговите нечисти сили и зли духови. Co Твојата семоќ на сила прогони ги и распрсни ги како прав no нечисти места за Твоите верни раби кои живеат тука да можат да останат неповредени во Твоја слава.
Зашто Ти не милуваш и спасуваш, Боже наш, и Тебе слава Ти оддаваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Потоа најстариот маж во домот го попрскува целиот дом co светена вода, велејќи:
Нека воскресне Бог и нека се распрснат непријателите Негови, нека бегаат однеговото лице оние кои Го мразат. Нека исчезнат од овој дом како што исчезнува чадот, како што се топи восокот од огнот; така нека загинат ѓаволите пред лицето на оние кои го љубат Бога и се осенуваат со крстниот знак.
Нека исчезнат сите ѓаволски магии и волшебни дејства, преку поросувањето на оваа светена вода, да се претворат во ништо и да исчезнат, во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин.
+ + +
Достојно е навистина блажена да Те нарекуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите, и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Сповото нетлено што го Го роди, навистина си Богородица, ние Те величаме.
По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Сине Божји,