Драгица Бојовиќ, единствениот доктор по фармацевтски науки во областа на лековитите билки во Црна Гора, научните знаења ги применува во Билната аптека “Свети Василие Острошки”.
-На Запад многу се вложува во превенцијата и во секој случај се трудат синтетичкиот лек да го заменат со билковен или природен препарат. На Исток здравствениот систем ја изедначи класичната и алтернативната медицина. Според податоците на Светската здравствена организација, препаратите на база на лековити билки ги користат 80% од светската популација.
А кај нас сè е поинаку – вели Драгица Бојовиќ, единствениот доктор по фарамацевтски науки во областа на лековитите билки во Црна Гора, заслужна за тоа што манастирските препарати се научно потврдени како многу ефикасни за користење.
-Од ваше искуство, кога луѓето најчесто бараат спас во природата?
-Кога станува збор за средината во која живеам, луѓето најчесто бараат спас во природата на крај, кога ќе ги “свртат” сите институции од класичната медицина. Во Билната аптека “Свети Василије Острошки” најчести се пациентите со карцином, астма кај деца и стерилитет. Пред некое време еден наш министер за здравје изјави дека сме втори во Европа по употреба на синтетички лекови. Тоа навистина ме боли, знаејќи дека Црна Гора по број на лековити видови и по квалитет е прва во Европа.
-Во што се состои комплекноста на билната терапија?
-Основата на билната терапија е во добриот и внимателно одбраниот рецепт. Мора да се води сметка за хемискиот состав на билките, за нејзините активни компоненти, за компатибилноста и антагонизмот на поедини молекули. Многу ги сакам чајните мешавини. Имаме толку многу примери, каде уринарните инфекции, бронхитисот и стомачните проблеми поминуваат без синтетички лекови. Ако вклучите и некој екстракт, сируп и мед – терапијата е целосна.
-Зошто се толку посебни препаратите произведени во манастирите?
-Се користат природни супстанции кои се достапни, не доаѓаат во предвид никакви синтетички супстанции. Се одбегнуваат конзерванси, пластична амбалажа. Производството е рачно и не сме во можност да произведуваме големи количини за задоволување на поголем пазар.
-Од кога потекнуваат манастирските рецепти по кои ги произведувате препаратите?
-Некои рецепти се стари и преку сто години. Што се однесува до составот и активните компоненти, речиси ништо не менувавме. На промена подлегнаа технолошките постапки на изработка кои обезбедуваат стабилност и рок на траење. Порано некои производи и мелеми се изработувале само по потреба или се чувале во фрижидер. Сега имаме и стабилни препарати со назначен рок на траење кои можат да се чуваат на собна температура.
-Кои манастирски мелеми се покажале како посебно делотворни? Како овој мелен на игуменот Лазар Острошки се покажал во пракса?
-Особено се истакнува колекцијата на мевлеми Стефалаз по рецептот кој ни го остави отец Лазар, острошки игумен, а тој го наследил од неговиот дедо, прочуен билкар. Па така и го нарековме: Стефа, по Свети Стефан Пиперски, во чиј манастир се изработува мевлемот и Лаз, по отец Лазар.
Секојдневно добиваме потврда дека е делотворен на декубитиси, варикозни вени, егземи, на рани кои тешко зараснуваат, промени на кожата, па дури и кај некои псоријази. Има најдено примена и за нега на лице, кај воспалени зглобови, проширени вени, реума, синуситис, бронхитис, проблематична кожа.
-Од кои билки се изработува?
-Мевлемот содржи одколу 20-тина видови лековити билки кои се приготвуваат во чудотворната вода од прочуениот манастирски извор наречен Богодична вода, со темјан, восок и малсиново масло од најдобар квалитет.
-Кај кои тегоби помагаат чаевите и мевлемите на Свети Василие Острошки?
-Билната аптека “Свети василие Острошки” во својот каталог има преку 150 различни производи. Чаевите се на прво место, потоа екстракти во облик на капки, сирупи за деца и возрасни, различни видови мед со екстракти од лековити билки, зачини, сапуни, разни масла.
-Кои екстракти од мед најчесто ги препорачувате?
-Користиме најдобар, најчесто мед произведен во манастирите кои, секако, како и сите останати материјали, ги поминува неопходните контроли. Во медот додаваме билни екстракти кои се компатибилни со составот на медот, не предизвикуваат негова деградација ниту денатурација на ензимите, за да може потполно да делува.
Произведуваме мед за имунитет, олеснување на тегобите кај бронхитис, воспаление на бели дробови, смирување, уринарни инфекции, за машки и женски стерилитет, анемија, црн дроб, по порачки изработуваме мед за олеснување на тегобите кај штитна жлезда, артритис.
Повеќе за нивните прозводи можете да прочитате на нивната фан страница и група “Биљна апотека свети Василије Острошки”.