На многу лесен и едноставен начин пригответе домашна мешавина која го чува здравјето и го јакне имунитетот. Особено во студените ладни зимски денови кога настинките и гриповите се позачестени, еден ваков препарат секому ќе му биде од корист.




Затоа, од особена важност е навремено да се зајакне имунитетот за да се сочува здравјето. Зашто, како што рекле старите, „здравјето многу лесно може да се наруши, а после е многу тешко да се врати во полна сила“ или „рани душа – да те слуша“, а оваа домашна мешавина го нуди токму тоа, дава сила и го чува здравјето.




Се приготвува од три едноставни состојки, секоја посебно е многу моќна, но кога ќе се помешаат заедно се добива една многу моќна комбинација: органски пчелин мед, органски лимон и ореви.




Свежиот лимонов сок е популарен лек за кашлица и јакнење на имунитетот. Лимонот помага во искашлување и чистење на pecпираторниот тракт. Има многу висока содржина на витамин Ц, а сокот од само еден лимон содржи 1/3 од препорачаната дневна доза за возрасно лице.




Имено, витаминот Ц е еден од најважните витамини кои го активираат имунолошкиот систем и делува како силен антиоксидант. Бројни лекари и научници го испитувале неговото антибактериско и антивирусно дејство, како и неговата примена во лекувањето на најразлични болести.




Оревите се богати со влакна, витамин Б, витамин Е, антиоксиданти, протеини, масти, железо, магнезиум и други минерални соли. Имаат значително поголеми количина на омега-3 масни киселини за разлика од другите јаткасти плодови.




Оревите содржат омега-3 алфа линоленска киселина која има исклучително антиинфламаторни својства. Медот пак, е еден од најслатките начини за спречување на инфекциите. Содржи витамини, минерали, активни ензими, аминокиселини, антибиотски супстанции, полен.




Овој златен еликсир го стимулира имунолошкиот систем и затоа е потребно да се јаде барем по една лажичка дневно, особено во зимскиот период. Медот исто така има моќни антибактериски состојки кои го прават непроценлив, како за внатрешна, така и за надворешна употреба.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г ореви, 200 г мед, 2 лимони. ПОСТАПКА: Лимоните добро измијте ги и потопете ги 20 минути во ладна вода во која сте раствориле 2 лажички сода бикарбона. Потоа исперете ги под млаз ладна вода.




Исечете ги на помали парчиња, отстранете им ги семките и ставете ги во блендер сосе кора. Додајте ги оревите и медот, па измиксајте ги заедно неколку минути додека убаво да се соединат сите состојки во изедначена смеса.




Мешавината складирајте во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Секое утро на празен стомак земајте по една супена лажица во текот на зимскиот период. НАПОМЕНА: пред употреба на каков било природен лек конcyлтирајте се со вашиот лекар.