МОКАР ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ…Едноставен колач со 3 јајца за секој ден…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
3 јајца
1 чаша млеко,
1 чаша масло (или растопен путер, може да се намали до половина чаша)
1 чаша шеќер
2 чаши брашно,
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
3-4 лажици какао,
За чоколадниот прелив:
1 чаша млеко
4 лажици шеќер
3 лажици масло
3 лажици какао,
Сѐ се вари околу 10 минути.
ПОСТАПКА:
Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека да станат кремасти. Па додајте ги прво течните состојки, а потоа и сувите, најдобро просеани.
Соединете во хомогена смеса без грутчиња и излејте ја во намастен и набрашнет калап или обложен со хартија за печење.
Плехот е со големина 26, се пече 35-45 во загреана рерна на 170 степени во зависност од рерната.
Топлиот колач се проверува со чепкалка, се сече на парчиња и се прелива со млакиот сируп. Се остава да се излади барем 2 часа ако може. Ние некогаш го јадеме уште додека е топол.
MОКАР КОЛАЧ: рецепт за десетка, толку е добро, прсти да излижеш, мерки на чаша
Чоколадна торта сочна како памук…Се топи во уста, лесна и едноставна за правење…