Мојот сопруг моли да го правам овој десерт 3 пати неделно! Лесен колач кој се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За бисквит:
брашно – 80 г
какао – 30 г
прашок за печиво – 1 лажиче
јајце – 3
шеќер – 180 г
млеко – 50 мл
растително масло – 50 мл

глазура:
какао – 40 г
шеќер – 50 г
млеко – 200 мл
путер – 20 г

крем:
слатка павлака – 300 мл
крем сирење – 100 г
шеќер во прав – 3-4 лажици
какао – 1 лажица

за прелевање на печениот бисквит:
млеко – 50 мл

Големината на калапот за печење е 24×24

ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте брашно, какао и прашок за печиво. Во друг сад пенасто изматете ги јајцата, па започнете постепено да го додавате шеќерот. Матете додека тој да се растопи и да добиете кремаста смеса.

Потоа, додека непрекинато матите додајте ги млекото и маслото. Во течната смеса постепено додавајте ја мешавината од суви состојки (на двапати). Мешајте рачно со жица-маталка за да остане смесата пенлива и воздушеста.

Намастете го калапот со путер и посипете го со брашно (вишокот истресете го). Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени, 30-35 минути.

За тоа време во тенџере измешајте какао, шеќер и млеко, па ставете на оган да зоврие со непрекинато мешање. Од моментот на зовривање варете уште 15-20 секунди. Додајте путер и мешајте за да се растопи.

Глазурата оставете ја настрана да се лади. Во друг сад изматете ги крем сирењето со павлаката, па додајте какао и шеќер. Изедначете.

Печениот бисквит избоцкајте го и залијте го со ладно млеко. оставете да се олади, па распоредете го кремот, а потоа и глазурата. Колачот оставете го во фрижидер 4-5 часа или преку цела ноќ. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.