Фото и рецепт: Тања Докузова
Потребни состојки:
500 г готови кори за баклава
400 г толчени ореви
1 рака шеќер
1 рака гриз
1 ванилин шеќер
1 лимон – рендана кора
1/3 маргарин
1 мал филџан масло
За шербет:
800 г шеќер
600 мл вода
Постапка:
Се редат четири кори, а секоја од нив се прска со смесата од растопен маргарин и масло.
Врз четвртата кора се става од смесата со ореви, се витка и се става во тава.
Оваа количината е за четири вакви ролати, а толку собира и тавчето.
Се пече на 150 степени половина час, а потоа се намалува на 100 степени и се пече уште половина час.
Се подготвува шербетот додека се пече баклавата и се потура топол шербет на млака баклава. Не се покрива, се чека да впие благото и баклавата да свети.
Фото и рецепт: Тања Докузова
Од Македонска кујна, некогаш и денес