Фото и рецепт: Марија Периќ
Потребни состојки:
2 белки
250 мл врело млеко
450 г брашно
10 г свеж квасец
2 мали лажички прашок за печиво
1 лажица шеќер
½ лажичка сол
100 мл масло
За фил:
300 г мак
4 лажици шеќер
200 мл млеко +-
Во филот плус можете да додадете 3 лажици џем или едно рендано јаболко, суво грозје…
Постапка:
За фил: макот и шеќерот постепено потопувајте ги постепено со врело млеко. Треба да добиете густа смеса, затоа млекото постепено додавајте го.
За тесто: со миксер се матат белките, па се додава постепено врелото млеко. Се остава да излади. Во друг сад се става брашното, шеќерот, свежиот квасец, прашокот за печиво, солта и маслото, па убаво се замесува тестото со млекото и белките додека да добиете убаво тесто кое е малку лепливо (така треба да биде).
Тестото веднаш се дели на 2 дела врз работна површина, добро наросуваме со брашно и се развлекува кора и се филува. Се витка во ролат и одозгора се премачкува со две жолчки изматени со две лажици кисела павлака.
Се пече на 180 степени додека да добие убава златна боја.
Фото и рецепт: Марија Периќ