Тешката болест во тринаесеттата година ја натерала д-р Мона Маличевиќ пребрзо да созрее и, како што таа вели, да го пронајде вистинскиот, спасоносниот пат за себеси. Затоа таа денес тврди дека за секоја болест постои некоја билка или комбинација од билки кои можат да помогнат во решавање на проблемот.
-Мојата приказна почнува на 13-годинашна возраст, кога како “гром од ведро небо” ме погоди сознанието дека сум заболела од малиген тумор. Сè започна од невина детска игра, кога другар ми несакајќи ме погоди со снежна топка во окото, што ми предизвика болки.
Ништо не можев да гледам, но мислев дека тоа е од ударот. Следниот ден мајка ми ме однесе на преглед кај офталмолог, да провери што ми е со окото. Меѓутоа, после прегледот, докторката ми констатираше тумор.
По одржаниот конзилиум, без транспортирана во Белград на понатамошни испитувања, кои се продолжија во Хрватска и Швајцарија. Во суштина, знаеја дека туморот е малиген, но немаа решение, а ниту време.
Беше донесена одлука со операција да ми се отстрани туморот и очното јаболко, за да ми го спасат животот. Следните пет години докторите ја следеа мојата здравствена состојба, за случајно да не се појават нови метастази, што на крај, фала му на Бог, не се случи.
Ова било почеток на големата борба на Мона Маличевиќ, докторка по медицина и иден специјалист по хистологија. Таа денес е во непосреден контакт со престижни лекари и професори, бидејќи работи за вториот најголем здравствен систем во светот “Ацибадем”.
Мона исто така, е предавач и организатор на семинари на кои ги обединува знаењата од конвенционалната и алтернативната медицина.
-Како ги доживеавте првите денови од болеста?
-Во тоа време бев во пубертет. Бев весела девојка, омилена во друштвото, имав многу пријатели. Се занимавам со манекенство, глума, пеење во хор, одев во школо за таленти, а потоа ми се случи падот.
Чувствував како да сум заспала во убавина и рај, а сум се разбудила во кошмар. Паднав, останав без самодоверба, без чувство за лична вредност, бегав од самата себеси, не можев да се прифатам вака хендикепирана.
Борбата со себеси траеше десет години, а после неуспешната голема средношколска љубов, потполно потонав. Во тие моменти започнав себеси да се преиспитувам, барав одговор на тоа што не е во ред со мене. Во тоа време многу ми помогнаа семејството и пријателите.
-Прифаќањето на себеси како лице со инвалидитет само дополнително ве охрабрило. Колку овој процес Ви помогна да станете посилни и поодлучни?
-Ми помогна во најголема мера. Дотогаш се носев со мислата дека ќе бидам отфрлена ако им се претставам на другите како таква. Јас сум лице со хендикеп, а тоа сознание создаваше предрасуди во мојата глава дека светот ќе ме отфрли.
Меѓутоа, се случи спротивното – луѓето не ми свртеа грб, што ми даде дополнителна сила уште повеќе да се заземам за себе и да го живеам мојот сон.
Кога завршив за лекар по општа пракса, се запишав на специјалистички студии, а планирам да запишам и докторат.
-Вие денес преку вашиот блог и видео снимки им помагате на голем број луѓе со вашето знаење и совети. Се занимавате со холистички пристап кон здравјето, за што станува збор?
-Говорам од лично искуство и ги споделувам моите совети кои и самата ги применува. Тоа е холистички пристап, што значи сеопфатен. Како лекар не обраќам внимание само на болеста, не ја лекувам дијагнозата, туку човекот.
Болниот човек има проблем кој повлекува низа други проблеми. Економски, емотивни, било кој проблем кој влијае врз здравјето. Секоја мисла и секоја емоција која ќе проструи низ нашето тело, индицира хемиска реакција.
-Колку е важна здравата исхрана за лекувањето и опоравувањето бидат успешни?
-Здравата исхрана е многу значајна за здрав начин на живот. Она што го јадеме станува наше тело, влијае врз бактериската флора од нашиот дигестивен тракт, дава и одзема енергија, влијае врз нашиот начин на размислување и нашите емоции.
Кога телото се бори со болест, многу е важно да биде на здрав режим на исхрана кој ќе го исцелува и ќе го забрза оздравувањето. Храната е лек.
-Каква исхрана предлагате?
-Предлагам исхрана заснована на билки, салати за секој оброк, подготвување на храната во домашен амбиент, што помалку термички обработена храна, чиста вода (барем 2 литри дневно), намирници од органско потекло и од проверени производители.
Предлагам чаеви наместо кафе. Едно кафе дневно е во ред, но не после 14 часот бидејќи може да влијае врз сонот. Предлагам барем двапати месечно да се спроведува ден на вода (пост на вода, без храна).
Предлагам да се одбегнува млеко, месо и шеќер, првенствено поради тоа што може да се најде во продажба не се намирници какви што би сакале да имаме во чинија.
Некои заболувања бараат дополнително да се “исклучат” некои намирници од исхраната. Обично кога станува збор за алергии на храна и автоимуни болести, кога од исхраната се исгрлаат житарките кои содржат глутен, на пример.
-Како да му помогнеме на организмот секојдневно да се чисти?
-Секојдневното чистење е неопходно и се постигнува со внес на многу влакна и вода. Семките како што е лененото семе на пример, може многу да помогнат, како и чаеви или топла лимонада и секако физичка активност.
Постојат извонредни билни мешавини кои ја забрзуваат работата на цревата, некои мелени се ставаат во вода или свеж сок, а некои се варат како чај. Мешавината која ја сакам и ја препорачувам е од: сена, нане, коморач, крушина и ѓумбир.
-Колку често пиете чаеви?
-чаевите ги пијам секојдневно. Ги обожувам. Еден од омилените секако ми е од ѓумбир, свеж или во прав, со лимон.