Дури и почетниците во светот на кулинарството со помош на овој рецепт лесно и брзо ќе направат вкуснен чоколаден десерт.
Направете чоколаден карамел – фил кој ќе го обожувате.
Потребни состојки:
1 литар млеко
500 г шеќер
50 г чоколадо
200 г путер/маргарин
4 листови обланда
Малку сол
Постапка:
Ставете на оган да се готви млекото заедно за шеќерот. Некаде на средина од готвењето додадете го чоколадото и путерот со малку сол, па продолжете на тивко додека да се претвори во карамел и да згусне.
Тргнете од оган, премачкајте три листа обланди (оној дел со дупчињата). Со четвртиот лист покријте, така што дупчињата да се поклопуваат со дупчиња.
Преку обландата можете да нанесете чоколаден прелив.
Обландата притиснете ја и оставете неколку часови да се стегне и излади. Сечете на правоаголници или баклави…